Одговараат од Фондот за пензиско и инвалидски осигурување.
Во случајов за да оствари паричен надоместок телесното оштетување мора да настанало за време додека лицето било во осигурување/работен однос и да ги исполнува условите во поглед на стажот, а процентот на телесно оштетување го утврдува Комисија за оцена на работна способност врз основа на непосреден преглед и медицинска документација со Наод оцена и мислење.
Телесно оштетување постои кога кај осигуреникот ќе настане загубување, посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара поголем напор во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали причинува или не причинува инвалидност. Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија. Правилникот за Листата за видовите на телесните оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на тие оштетувања го донесува министерот за труд и социјална политика, по претходно прибавено мислење од Институтот за медицина на трудот.