Одговара Весна Кочовска, експерт за работнички права.
Според општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата, меѓу кои и за регрес на годишен одмор. Регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку од 40% од основицата под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци. Кај работодавачите кај кои настапиле потешкотии во работењето ценејќи ја економско-финансиската состојба по задолжителни консултации со синдикатот на ниво на гранка односно оддел со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, односно избран претставник од работниците може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден во општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.