Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Правото на регрес за годишен одмор во јавноста познато како К15 е регулирано со општите колективни договори. Дополнително ова право може да се уреди и со гранските колективни договори. И во општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и во општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор како услов за остварување на правото за регрес и годишен одмор е доколку работникот за тековната година за којашто се исплаќа регресот за годишен одмор има работен однос, односно има работено шест месеци. Во одредбите не е предвидено работодавачот во првата година од своето работење да биде ослободен од обврската за исплата на регрес за годишен одмор.