fbpx

Дали се безбедни податоците на граѓаните?

Одговара Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Податоците на граѓаните се генерално безбедни иако поради оваа непостојаност на системите и несистемскиот пристап на институциите, заштитата на секој податок на граѓаните зависи од институцијата каде што тој податок е сместен. Тоа што можам да го зборувам за Министерството за дигитална трансформација коешто ги оперира податоците во Централниот регистар на населението низ којшто поминуваат бази на податоци, но и платформата за интероперабилност, можам да кажам дека податоците се соодветно заштитени на соодветното ниво.