Дали сопственик на стан смее да постави реклама без согласност и да издава стан краткорочно на различни сајтови?

Одговараат од Регулаторната комисија за домување.

Согласно член 6 став 2 од Законот за домување заеднички градежни елементи во станбените згради и станбените објекти за посебни намени се темелите, носечките ѕидови и конструкциите, таваните, покривот, фасадата, оџаците, цевките за проветрување, светлосните прозорски стакла, отвори за лифтовите и други слични конструкции. Согласно член 9 од Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради поставување на плакати, излози, рекламни натписи, јарболи за знамиња, антени, инсталации на кабелски телевизии на станбените згради можат да се поставуваат само доколку тоа е во согласност со закон. Регулаторна комисија за домување препорачува применување на Договорот за заемни односи.

Со Законот за домување се уредуваат заедничките делови на станбена зграда, заедничките градежни елементи во станбените згради и заедничките инсталации, уреди и опрема во станбените згради, но што се однесува на посебните делови кои се приватна сопственост сопственикот на посебен дел, односно закупецот е должен редовно да го одржува станот и да се грижи за одржувањето на станбената зграда со цел да не се предизвика штета или штетни влијанија, како и да се обезбеди непречено користење на посебните делови од страна на другите сопственици.