Одговара Рената Младеновска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Секое лице коешто е вработено независно дали е доктор, медицинска сестра или техничар има право да работи во друга приватна здравствена установа, доколку неговата матична установа склучи меѓусебен договор со ПЗУ. Нормално, со одобрение од директорот на матичната установа лицето може да извршува здравствена дејност на исто ниво како што работи во матичната ЈЗУ. Значи ако да речеме е рендген-техничар во приватната здравствена установа, мора да има здравствена дејност „рендген“ за да извршува иста дејност, секако со меѓусебен договор помеѓу двете здравствени установи и со одобрение од директорот на установата.