Одговара Оливер Давидовски од Министерството за правда.
За жртвите од семејно и родово базирано насилство предвидена е посебна постапка согласно Законот за бесплатна правна помош каде што се одобрува бесплатна правна помош без утврдување на нивниот материјален статус, меѓутоа само во постапките за изрекување на привремени мерки. Тоа се посебни граѓански постапки каде што се изрекуваат привремени мерки за заштита од семејно насилство, односно вонпарничниот суд во конкретниот случај.
Меѓутоа, за сите останати правни случаи во конкретниот случај врзани со семејните спорови без разлика дали е жртва или не во таков случај доколку има потреба од покренување од други поврзани постапки со поврзани правни прашања како што е разводот на брак, барањата за определување на издршка на малолетни деца, делба на имот, делба на заеднички имот стекнат во брак, старателство итн. и покрај тоа што е жртва на семејно насилство таму веќе ќе се оди во редовна постапка односно ќе се испитува нејзината имотна состојба односно ќе се утврдува нејзиниот материјален статус и кај останатите лица.