Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Подобро е да се прими пред да бидат сексуално активни. Меѓутоа, никогаш не е касно да се прими ХПВ вакцина. Значи препораките некаде се движат и до 46 години, односно и нема некоја горна граница. Напротив сега и гинеколозите препорачуваат и оние жени коишто имаат некои промени пред канцерогени им препорачуваат да примаат ХПВ вакцина како заштита во поглед на прогресија на болеста. Така да секоја жена независно секако дека неефикасноста на вакцината доколку е повозрасен е помала во однос на ова што го велиме кај девојчињата каде што буквално ефикасноста на вакцината е 95% - 98%.