Одговара Весна Кочовска, експерт за работнички права.
Според Законот за работни односи и општиот колективен договор за јавниот сектор работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата, утврдени со закон и колективен договор како и за јубилејни награди. Во општиот колективен договор за јавниот сектор е предвидено дека јубилејните награди се исплаќаат за непрекината работа кај ист работодавач за најмалку десет, 20, 30 и 40 години работен стаж и во висина најмалку од 50% од просечната нето плата во републиката во претходната година. За десет години стаж 100% од просечната нето плата во републиката во претходната година. За 20 години стаж 150% од просечната нето плата во републиката во претходната година, за 30 години стаж 200% од просечната нето плата во републиката за 40 години стаж.