Ми продале лаптоп со HD резолуција, но не сум задоволен и сакам нов со Full HD. Го вратив по 12 дена и ми рекоа дека мора да оди на сервис за да се утврди дали сè е во ред. По две недели ми јавија дека стигнал и дека е технички исправен, но фалеле кесички и не може друг да биде заменет зошто бил користен. Компјутерот не е користен, само потврдено е дека не е тоа за што сум платил. Што да правам?
Одговара Татјана Ташевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија