Одговара Иван Живковски од Агенцијата за катастар на недвижности.
За да се избрише една хипотека пред сè треба да има согласност од банката каде што била заснована таа хипотека. Согласноста од банката со сите други потребни документи се поднесува преку професионалните корисници коишто напоменав пред малку или директно на шалтерите на Агенцијата за катастар на недвижности се поднесува барање и потоа за краток период се брише хипотеката.