Одговараат од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Согласно законските прописи, лек на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од позитивната листа може да пропише избран лекар (или неговата замена) според договорот склучен за работа со ФЗО. Осигуреник на Фондот за лек на товар на Фондот не може да оствари право на лек од позитивната листа без уреден и валиден рецепт издаден од лекар согласно законските прописи.

