Како се закажува преглед во Центарот за говор, слух и глас?

Одговара Нермин Теловска од Центарот за говор, слух и глас.

Процедурата е да се земе упат од матичен или друг лекар специјалист исто така и тој може да препорача. Ние имаме такви прегледи од клиники. Преку матичниот лекар се закажува со мој термин. Така да ние пуштаме најмалку 100 прегледи секој месец. Се случува во последно време да не ни дојдат на преглед. И вака апел исто така до тие што имаат закажано термин ги молиме на време да го откажат, бидејќи штета е некои дечиња одвај чекаат да дојдат на преглед, а други закажани не дошле на преглед.