Одговара Оливер Давидовски од Министерството за правда.
Соработката од почетокот со имплементација на актуелниот Закон за бесплатна правна помош со адвокатите би можел да ја оценам како исклучителна, затоа говори и бројот на барања за запишување во Регистарот на адвокати кои што го води Министерството за правда. Би можел да истакнам дека адвокатите кои што активно ја вршат дејноста адвокатура по нивно барање може да поднесат барање до Министерството за правда за запишување во Регистарот на адвокати и министерството во соработка со адвокатската комора доколку адвокатот ги исполнува условите носи решение и го запишува во соодветниот регистар по што истиот може да биде назначаен од страна на подрачното одделение согласно правилникот со начинот на назначување на адвокати.