Одговара Оливер Давидовски од Министерството за правда.
Па, самиот адвокат има соодветни обврски и одговорности кои што се уредени во Законот за бесплатна правна помош. Пред сè е должен да соработува со Министерството за правда и со странката за конкретната правна работа за која што е назначен. Исто така, она што е значајно е да се спомене е дека самиот адвокат е должен да се грижи и да ја пружа секундарната правна помош единствено за онаа правна работа конкретно наведена во потврдата за одобрување за секундарна правна помош и да не се оддалечува од она што е предмет на одобрена секундарна правна помош. Исто така не е дозволено да прима од странката парични средства, да бара наплата за соодветни надоместоци, да бара наплата на соодветни трошоци.
Исто така, доколку министерството се обрати до адвокатот и побара дополнителни податоци истиот е должен да ги обезбеди соодветните податоци, дополнителни податоци коишто министерството оценило дека се потребни со цел да се утврди потребата од обезбедување на бесплатна правна помош. Самото недавање на дополнителни податоци, несоработката со корисникот или министерството и ред други прашања коишто се детално уредени во законот преставуваат основ адвокатот да биде избришан од соодветниот регистар како и да не му се исплати надоместок за бесплатната правна помош доколку на пример се утврди дека истиот се движел надвор од она што претставува одобрена секундарна помош, доколку излезе надвор од своите овластувања прецизно утврдени со потврдата.