Одговара Кашмир Салиу од Дирекцијата за заштита и спасување.
Општествена одговорност е на секоја индивидуа, секој граѓанин, секој куќен совет во случај на згради секоја индивидуа во буквална смисла на зборот при процена, при видување на одредено загрозување на безбедноста на бил кој објект, на луѓе или на материјални добра да пријави во Дирекцијата за заштита и спасување.
При самата процена на индивидуата, дека по мерките за заштита и спасување има одредена опасност треба да пријави во Дирекцијата за заштита и спасување и врз основа на пријава нашите инспектори вршат инспекциски надзор, односно контрола на односниот субјект врз основа за што се работи, за која пријава станува збор вршат записник и извршуваат мерки односно санкции зависно од тоа што е затекнато на односниот објект.