fbpx

Колку често една жена треба да оди на гинеколог?

Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Македонското здружение на гинеколози и опстетричари (МАГО).

Една жена на гинеколог треба да оди барем еднаш годишно. Значи, да кажам самата процедура за скринингот од цервикален карцином затоа сте дебатирале и вие во други емисии. Значи доколку три пати има негативен резултат, значи дали е тоа е ХПВ тестот или ПАП брисот. Понатака може во повозрасната категорија над 40 години да се прави еднаш на три години. Со ХПВ тестирањето доколку имате негативен резултат може да се прави после неколку години, зависно од условите и сексуалната активност, која што ја има индивидуата. Меѓутоа тоа не е единствената причина поради која вие треба да одите на гинеколог. Гинекологот со ултразвук во денешно време, има одлични апарати да види дали постојат некои цисти во јајникот кои не дај боже понатака може да бидат и рак на јајникот.

Може да се види дебелината на ендометриумиот, може да се види присуството на полип, со гинекологот може да се консултирате и околу симптомите евентуално околу секретите вагинални. Дали можеби постои некоја инфекција? Не постои инфекција? Значи, едноставно еднаш годишно подобро е превентивно така исто и стоматолозите го пропагираат тоа превентивно одење на преглед затоа што еднаш годишно ако одите на стоматолог ќе ви откријат мал кариес или нема да ви откријат и сосема сте во ред и ќе си одите среќни дома. Истото е и со гинекологот. И да немате никакви симптоми еднаш годишно одете на гинеколог. Тој ќе констатира каква е состојбата во тој момент и ќе си одите среќни дома доколку немате ништо. А, него тоа ќе му биде од корист доколку и се појави некоја промена да знае дека таа промена се појавила фактички во последната година. Ако не одите десет години никој не може да претпостави кога се појавила промената. Дали цистата постои три, пет или десет години. Или миомот постои од оваа година или од пред седум, осум години. Значи, тоа превентивно одење на гинеколог би било многу корисно за сите. А, ова може и да го поврземе и потоа за ендометриозата, бидејќи има многу нејасни симптоми теоретски не може да се открие некогаш ниту со ултра звучен преглед ниту со било што.

Значи, сега постојат се релативно скапи тестови за ендометриоза преку кои веројатно со испитување на плунката или крвта би можело да се докажат определени материи коишто постојат кои што би значеле дека веројатно би имале некое ендометријозно жариште во организмот на жената зошто е тоа битно? Битно е затоа што терапијата на оваа болест може да оди конзервативно, значи со хормонска терапија и со нестероидни антиифламаторни лекови кои што ќе ги олеснат овие болни периоди кај пациентката. Меѓутоа некогаш треба да се извага, да се види зависно од симптомите на пациентката од големината на цистата да се заврши тоа по оперативен пат и најдобар начин за тоа е со лапараскопија, фактички со отстранување на ендометријалната циста од организмот на жената со уништувањето на малите жаришта кои постојат со ендометриоза и со продолжување терапија во иднина или евентуално кај овие пациентки доколку немаат деца се препорачува да останат бремени, да го убрза процесот на забременување затоа што самиот период на бременост и на доење кога пациентката нема менструација всушност на некој начин делува терапевтски затоа што не дозволува овие жаришта да се развијат и не дозволува болеста да прогресира.

Не мора да значи дека ќе се излечи болеста комплетно, меѓутоа нејзиниот развој и прогрес далеку ќе се намали. Ендометриозата и од друга страна е се уште во некои критериуми непознаница и претпоставката е дека пациентките кои имаат еднометриоза рековме тоа е бенигна болест над 45 година дел од овие пациентки исто така еден процент можеби, а можеби и повеќе може да се случи ендометрипозата проградира према карцином, према рак. Затоа се повеќе ставовите се за тоа доколку пациентката има деца, значи завршила со репродукција постои долг период на ендометриозна циста сепак таа се извади во определена возраст  и да не би била подлога за карцином понатака.