Одговара Ирена Лазарова од Централниот регистар на Република Северна Македонија
Ова прашање, дали може корисникот да ги користи електронските услуги од Централен регистар доколку има креирано налог во Централниот регистар доаѓа во прав момент, бидејќи веќе имаме надграден централизиран систем за управување со корисници преку коишто корисниците на електронските услуги се најавуваат, односно се регистрираат нови корисници со цел нели да добијат пристап до соодветниот систем да можат да ја користат таа соодветна услуга. Што значи тоа? Тоа значи дека се интегрирaваме со две компоненти многу значајни. Првата е еID преку Mинистерството за дигитална трансформација и втората е OneID преку KIBS.
Тоа значи дека корисниците на електронските услуги при креирање на нов кориснички налог во Централниот регистар ќе може да ги искористат податоците од своите налози кои што ги имаат еID компонентата или доколку се корисници на ОneID или пак за да се најават во системите на Централен регистар ќе можат да ги искористат своите налози и да се најават преку еID или OneID најавата и креирањето на кориснички налог преку овие две компоненти не е задолжително, корисниците на електронските услуги и понатаму можат да се најавуваат и да креираат нов кориснички налог единствено и во само Централниот регистар нели доколку имаат потреба од истото. Ова е значајно oд два аспекти, најпрво за корисниците на услугите, бидејќи е олеснат начинот преку кој можат да се најават или да креираат кориснички налог, користејќи ги податоците на веќе користени налози преку еID и OneID компонентата и нормално значајно е за институцијата и за државата, бидејќи имаме веќе зголемено ниво на сигурност, безбедност односно автентикација на оние корисници кои што се најавиле или регистрирале како нови.