На мојот дел од фасадата паднат е малтерот и кога врне протекува кај сосетката. Дали јас треба лично да го решам проблемот или преку куќниот совет?

Одговараат од Регулаторната комисија за домување.

Согласно член 6 став 2 од Законот за домување, заеднички градежни елементи во станбените згради и станбените објекти за посебни намени се темелите, носечките ѕидови и конструкциите, таваните, покривот, фасадата, оџаците, цевките за проветрување, светлосните прозорски стакла, отвори за лифтовите и други слични конструкции.  Сопствениците на посебните делови се одговорни за плаќање на сите трошоци за управувањето и другите трошоци што потекнуваат од станбена зграда во согласност со своите сопственички делови, ако со договорот за заемни односи поинаку не е утврдено.