fbpx

Oд кога почнува вакцинацијата против ХПВ вирусот со деветвалентнатa вакцина?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Деветвалентната ХПВ вакцина од јуни 2024 година ќе започне да се користи. Инаку од 2008 година ХПВ вакцината е во редовниот задолжителен календар за имунизација и прво беше со двовалентна, а претходниот период децата се вакцинираа со четиривалентна. Сега се воведува со деветвалентна. Што значи тоа? Постојат повеќе од 200 соеви типови на ХПВ вирус меѓутоа не сите тие кои што се поврзуваат со предканцерогени и канцерогени болести, некаде околу 40 типови се да речам се поврзуваат со такви заболувања. ХПВ вирусот инфекцијата пред сè е поврзан со карциномот на грлото на матката земајќи во обѕир дека во Македонија по појавување е на второ место овој карцином кај женската популација.

Меѓутоа ХПВ вирусот може да предизвика и други карциноми кај женската популација како што се карциномот на вулвата и карциномот на матката. Кај машката популација карциномот на пенисот. Меѓутоа и кај женските и кај машките ХПВ вирусот се поврзува со карциномот на анусот, оралниот карцином и карциномот на ждрелото. Така да засегнати се и женската и машката популација со ХПВ вирусот.

Новина што сега го воведуваме е тоа што ќе почнеме да ги вакцинираме и момчињата. Останува возраста на 12 години значи и девојчиња и момчиња ќе се вакцинираат. Важно е да почнеме со вакцинација на 12 години пред да станат сексуално активни, пред да дојдат во контакт вирусот, меѓутоа и за оваа возраст препораките се од девет години. Од 9 до 15 години би требало да се спроведува вакцинацијата. Овој период 12 години е некој најдобар период кога организмот создава најдобар имунолошки одговор. Треба да бидеме свесни дека се примаат две дози на растојание од шест месеци и дека година дена од втората доза фактички организмот го постигнува оној максимален ефект имунолошки одговор од заштита од ХПВ инфекциите, меѓутоа зборуваме за ХПВ инфекции оние соеви кои што се најчести и кои се поврзуваат со карциномите.