Одговараат од Регулаторната комисија за домување.
Во заедничките делови од станбената зграда не е дозволено чување на предмети и материјали кои го оневозможуваат нивното користење и го попречуваат движењето на лица или истите можат да предизвикаат зараза, пожар, незгода или несреќа. Потребно е управителот да постави известување за отстранување.