Најважно од сè е ние да имаме брза, квалитетна и ефикасна услуга кон граѓаните и другите корисници на Агенцијата за катастар на недвижности. Насоката кон која ќе се движи Агенцијата за катастар е пред се давање, ефикасна и квалитетна услуга. Борба против корупцијата и криминалот и секако дигитализацијата која што е еден од главните адути и една од главните алатки која што ќе се стреми агенцијата. Морам да потенцирам дека и во моментов сме една од институциите која што во најголем дел нуди електронски услуги, односно давање услуги по електронски пат за граѓаните.
Меѓутоа, во моментов работиме на неколку платформи за многу брзо време граѓаните и другите лица коишто ги користат услугите ќе бидат информирани и тоа ќе претставува едно многу големо олеснување затоа што ќе можат сите услуги коишто ги дава катастарот електронски да ги користат и за неколку минути да ги имаат на мејл електронска пошта со бараните документи, односно оние кои им се потребни.