Одговараат од Регулаторната комисија за домување.
Потребно е пред сè да се утврди дали се работи за заедничка инсталација или пак за инсталација од посебниот дел – стан.
Доколку се утврди дека е заедничка инсталација, тогаш треба да се извести управителот или претседателот на заедница на сопственици и да се донесе одлука за која гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови и истата да се санира.
Трошоците што настанале со преземање на активности врз основа на одлуки донесени на начин пропишан со Законот за домување поточно одлука за која гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови, одговараат сите сопственици на посебните делови без оглед на тоа дали гласале против предложените одлуки.
Доколку се утврди дека е инсталација од посебниот дел – станот, во тој случај трошокот го покрива сопственикот на посебниот дел кој ја направил штетата.