fbpx

Зошто е потребно и момчињата да се вакцинираат против ХПВ вирусот?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

И момчињата учествуваат во пренесување на инфекцијата на ХПВ вирусот. И момчињата се ризична популација за да заболат од карциноми, карциноми на пенис, аналниот карцином, оралниот карцином, карциномот на ждрелото се јавуваат и кај таа популација. Има голем број на земји каде што и момчињата се вакцинирани. Пример е Австралија и да речеме Англија, Канада каде што имаат висок опфат на имунизација и во тие земји скоро и овие карциноми да се намалени и редуцирани. Заштитата она што досега студиите го кажуваат заштита со ХПВ вакцинацијата над е скоро над 90% до 100% во поглед на овие карциноми.