fbpx

На 15 години направи апликација за лица со аутизам

На 12-ти август, Меѓународниот ден на младитеИКС го претставува 15 годишниот талентиран информатичар Даријан Шекеров од Скопје. Се прослави со „Сликозбор“, апликацијата за мобилни телефони со која лицата со аутизам можат полесно да комуницираат со своите најблиски.

Со неа аплицираше и доби награда на престижниот светски младински натпревар за иновативни решенија во 2016-та. Од петто одделение досега направил уште 15-тина други апликации. Неговата пасија кон програмирањето му донеле повеќе стипендии, вклучувајќи и ја последната за средно образование, како и велосипед со кој може да се види како се вози низ Скопје.

Тагови: