„Вирусот е респираторен и се пренесува преку кивање, кашлање, гласно зборување, пеење, смеење“, вели Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Секој поголем фамилијарен собир значи потенцијални 100-тина новозаразени и шлаканица кон медицинскиот персонал. Затоа одложете ги матурите, свадбите, скарите, крштевките и сличните собири, советува докторката.