Пред да тужите за спор од мала вредност, имајте предвид дека само за судски и адвокатски трошоци ќе ви требаат минимум 12.700 денари, па може да излезе да бидете повеќе зијан одошто ќар, дури и да го добиете спорот.
Правниците од Центарот за правни истражувања и анализи ја истражувале економската оправданост на споровите од мала вредност и утврдиле дека многу малку се користи медијацијата, која чини помалку и за граѓаните и за судовите.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Центарот за правни истражувања.
#СамоПрашај