fbpx

Дали рамноправна застапеност може да се постигне и на друг начин?

 

Укинувањето на балансерот при вработувањето во јавниот сектор повлече редица дебати во македонското општетство. Неговото спроведување секако не беше најсовршено досега, а впечатокот на јавноста е дека и често се злоупотребуваше. Анкетите покажуваат дека граѓаните се сомневаат за многу апсекти од неговата примена, а особено за декларирањето на етничката припадност. За тоа кој механизам ќе се одбере во иднина, кој од една страна ќе обезбеди некаков минумум на правична застапеност на различните етникуми во јавниот сектор, а од друга страна ќе се грижи за запазувањето на минумум квалитети и мерит во добивањето на одредена позиција, Ненад Марковиќ разговара со Неда Малеска од Центарот за управување со промени и Константин Битраков од Правниот факултет при УКИМ.

Јавноста знае дека се работи за некаква формула и дека е поврзана за вработување според принципот на правична застапеност на етничките заедници, но ретко кој знае што точно претставува балансерот?

Малеска: Балансерот донесе голем прогрес во застапеноста на етничките заедници

Според последниот Извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во јавниот сектор на Центарот за управување со промени, постои нагласено незадоволство од неговото спроведување? Дали балансерот придонесе да се занемари исполнувањето на основните услови за добивање одредена позиција во јавната администрација за сметка на механичкото исполнување на квотите предвидени со балансерот?  Дали квалитетот се жртвуваше за сметка на математичка формула?

Малеска: Парадоксот на балансерот

Се чини дека најголем проблем околу спроведувањето на балансерот, но и какви било идни модалитети за постигнување на правична застапеност, беше токму декларирањето на етничката припадност. Со етничката припадност може многу да се манипулира кај сите етнички заедници што во суштина ја саботира самата идеја за постоење на механизам како што е балансерот. Постои ли решение за овој проблем?

Малеска: Манипулации со балансерот

Јавниот сектор мора да биде рефлексија на етничката структура на општеството, но сепак мора да постои и одредено ниво на квалитет и познавања кај вработените во јавниот сектор. Дали ни е потребна перманентна проверка и надградба на знаења кај вработените во јавниот сектор или решението е во тоа ваквите мерки да бидат од привремен карактер?

Битраков: Механички балансер – дали е потребен?

И потполно да се укине овој механизам, сепак мора да постои начин преку кој ќе се обезбеди понатамошно почитување на принципот на правична застапеност, барем во одредена мера? Што би можело да го замени балансерот и постојат ли алтернативни механизми кои би биле соодветни за нашето општество? Што кажуваат искуствата на другите земји? 

Битраков: Рамноправна застапеност може да се постигне и на друг начин

На што се однесуваат најавените промени во балансерот? Дали се планира укинување на целиот механизам, промена во формулата или нешто трето?

Битраков: Како да се спречи злоупотребата на етничката припадност и дали е воопшто возможно?

Целиот поткаст со наслов Balancing Act со нашиот домаќин Ненад Марковиќ, може да го слушнете тука.