fbpx

Измислија проблеми меѓу Македонците, Бугарите и Грците, па сега ги решаваат

Жителите на Ново Село со години одат почесто на кафе во Петрич отколку во Струмица, а Бугарите редовно одат на пазар во нашата земја. Слична е состојбата и на југот. Во Гевгелија „врие“ од Грци кои доаѓаат на лекарски преглед, да наполнат бензин или да се забавуваат во казино, а гевгеличани веќе навикнаа да уживаат во морскиот воздух во Солун.

Граѓаните од пограничните градови велат дека политичарите се главните виновници за разгорениот национализам и дека е иронично што сега потпишуваат договори за подобрување на добрососедските односи како да измислиле топла вода.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Сузана Мицева Снимател и монтажер: Кире Пиличев

Тагови: