fbpx

Маја Лотрич, „Лотрич Метролоџи“: Бидете страствени и верувајте

Маја Лотрич има 25 години, а веќе има силно развиено чувство на одговорност, таа е дама што го видела светот, завршувајќи ги магистерските студии на Факултетот за Економија на Универзитетот во Љубљана; во семејната компанија „Лотрич Метролоџи“ одговорна е за продажбата на производите што компанијата ги произведува. Во нејзиниот живот, Маја негува две страсти: бизнис и семејство, меѓу кои – според неа  - може да се воспостави рамнотежа.

Maja Lotric Lotric Metrolodzi Bidete strastveni i veruvajte 1

Како е да се биде жена во семеен бизнис? Што беше/е најголемата лекција за воспоставување рамнотежа помеѓу семејството и бизнисот?

Улогата на жените и мажите во претприемништвото не се разликува во социјалните стилови. Вообичаено она што се очекува од жените е тие подобро да ги разберат луѓето со кои се во интеракциај на емоционално ниво. Ова е нашата силна страна, а во исто време ни е и ранливост – покажуваме повеќе карактерни особини и му дозволуваме на човекот со кој работиме многу повеќе да се приближи до нашата срж. Како последица, кога околностите наложуваат непријатни одлуки, луѓето имаат тешкотии да ги прифатат.

Важно е да имате некој покрај Вас на кој можете да му верувате – не за да го префрлите сиот товар на нивните раменици, туку за тој/таа да Ве ислуша и постојано да Ве поддржува.

Најважната лекција што ја научив е комуникацијата. Првично во поглед на тоа колку ќе дозволиме бизнисот да стане тема на разговор во нашиот дом; второ како комуникацијата дома влијае на работните процеси во нашата компанија.

Кои се Вашите лични особини кои најмногу Ве дефинираат?

Темелите растат уште од формативните години, од воспитувањето, од животните искуства; сметам дека најмногу ме дефинира искреноста, потоа следи упорноста и чувството на одговорност. Во мојот живот сум посветена на бизнисот и уживам во животот.

Важно е да се биде искрен пред себе. Сепак, стилот на комуникација мора да се приспособи на ситуацијата и на луѓето кои Ве опкружуваат. Способноста за приспособување е само вештина, да речеме дека тоа е алатка во еден разговор. Да се биде директен е „ризично“, затоа што сите ја застапуваме „нашата лична вистина“.

Една од важните лекции од моја гледна точка е мислата на татко ми, што е парафразирање на еден познат цитат: „Не давај ветувања кога си задоволен. Не одговарај кога си лут и не носи одлуки кога си тажен“. Нашите мисли се замаглуваат од емоциите присутни во тие ситуации, а тоа не е ни праведно ниту пак одговорно.

Maja Lotric Lotric Metrolodzi Bidete strastveni i veruvajte 2

Кој е Вашиот ментор, Ваша водилка кога носите тешки одлуки во Вашиот живот?

Сигурно сум родена под среќна ѕвезда, бидејќи ментори ми се родителите, освен нив ментори ми се и неколку семејни пријатели. Тие веруваат во мене, имаат доверба во мене, веруваат дека чекорите што ги преземам се исправни за мојот пат. Јас самата одлучувам; тие не ми се водилки на патот во тешки времиња, но сепак ми се поддршка.

Кому сте му благодарна во Вашиот живот?

Не е тоа само една личност – јас сум многу благодарна на сите што ме научиле на некоја лекција, без оглед дали таа била лоша или добра.

Каква е Вашата порака за младите девојки кои почнуваат со нивниот професионален живот?

Бидете искрени со себе и следете ги своите желби, она што го чувствувате однатре.

Три најважни деловни начела што Ве следат по Вашиот пат?

Предизвиците се за избрани луѓе кои се способни да ги решат. Секој пат, без оглед колку нас ни се гледа чуден, е наменет за нас. Во бизнисот има ситуации кога сте сами, но сепак нема потреба да бидете осамени.

Текстот е изработен во рамки на проектот „Еднаква моќ“, кој го спроведуваат Институтот за комункациски студии и Институтот Изида Вита од Словенија, а е финансиран од Министерството за надвореши работи на Република Словенија.

Тагови: