Македонија нема лекторати за македонски јазик во странство

Додека жестоко се дискутира за одбрана на македонскиот јазик, Македонија нема лекторати за македонски јазик на странските универзитети во други држави. Од ВМРО-ДПМНЕ, во чие владеење беа затворени лекторатите, велат дека не е тема да се навраќаме на причините, а заменик-министерот за образование Петар Атанасов не може да каже кога повторно Владата ќе ги отвори лекторатите. Гледајте повеќе во ResPublica подкастот „Суштински промени или популистички мерки во образованието?“.

Тагови: