fbpx

Најсреќна сум кога помагам на Ромите

Љатифе Шиковска, ромска здравствена медијаторка

Ромите во изолираните и тешко достапни терени веќе ја препознаваат улогата за здравствените медијатори. Знаат дека од нив може да побараат помош за да добијат социјална помош, да најдат матичен лекар или пак да се советуваат како да се евидентираат во Матичната книга на родените.

Досега Министерството за здравство има регистрирано 10 ромски здравствени медијатори кои работат во девет општини. Преку нивното посредништво за институционална вклученост, досега 1.500 Роми се пријавиле на матичен лекар.

Тагови: