Нема бонус за најдобро оценетите државни службеници

Се укинуваат одредбите од Законот за државни службеници со кои им следуваше награда од една плата за вработените кои добија највисоки оценки на тестирањето. Ќе нема ни казни ни за оние со најниски оценки. Според ресорниот министер Дамјан Манчевски од 2015-та, откога е донесен законот, никогаш не се ни исплаќал ваков бонус оти сите три години биле изборни. Со законските промени иницирани од Министерството за информатичко општество и администрација, државните службеници и натаму ќе се тестирањаат.

Тагови: