fbpx

Нерешениот статус на месните и урбаните заедници – пречка за ефикасна децентрализација

Месната самоуправа во Македонија не е облигаторна форма. Формирањето на месни заедници во селата и урбани заедници во градовите, единствено зависи од волјата на градоначалниците и советите на општините. Нерешениот правен статус на месните и урбаните заедници, како и недостатокот на финансиски средства, простории за работа и основни материјални средства го оневозможуваат развојот на месната самоуправа, како основна форма на здружување на граѓаните во функција на решавање на локалните проблеми.

Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.

Видеото е преземено од Македонскиот институт за медиуми

Тагови: