29 годишната Рамона Франк и 24 годишната Мара Апелхаген се симболот на младата генерација во Германија која гласно се протистави на индустријата за фосилни горива. Дојдени се во Скопје на покана на пријателите од „Го сакам Водно“ со кои делат иста кауза – заштита на природата.
Мара Апелхаген (лево) Рамона Франк (десно)
Го споделија искуството за еко-активизам кај нив дома, за заштита на шумата Хамбахер, распослана во севрозападниот дел на Германија. Во 1978 година 120 вековната шума станала жртва на енергетската компанија РВЕ (RWE) која ископува јаглен. Шумата била 5.500 хектари, а денес само 200. Но, пред шест години шумата станува симбол против узурпација на природата. Активисти се вселиле и живеат во шумата.
Активистите досега поставиле околу 90 куќички на дрвата кои живеат таму. Населнието и медиумите се секој ден со нив. Им помагаат со храна.
„Најголемо изненадување беше камион со чоколади за сите нас да имаме поголема енергија во истрајноста“, вели Рамона.
Рамона Франк и Мара Апелхаген се студентки во Центарот за екологија и општество „Рејчел Карсон“ при Универзитет „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен
Имале и непријатни моменти. Полицијата со часови се обидувала да ги растера со солзавец, но останале заштитиени во прегратките на џиновските и стари дрва. 27 годишен новинар и активист не ја завршил приказната за уништената шума. Загинал паѓајќи од дрво. Истрајноста и вербата дека ќе успеат го дигнаа светот на нозе. Против сечењето на дрвата на сметка на профитот. За жал домот исчезнува и за три загрозени вида на животни: специфичен вид глодари, клукајдрвец и на лилјак.
Рамона Франк
Силниот глас и големата поддршка од граѓаните го одложиле ископот на јаглен во шумата Хабахер за една година. Но, знаат дека следната, 2020 година, борбата ќе се интензивира, иако Рамона и Мара се во борба со луѓето од РВЕ секој ден.
Сметаат дека германската влада многу порано требала да донесе одлука против користење на јагленот како еден од главните фактори за климатските промени и зголемувањето на CO2. Но, тука е и париската конвенција каде потписниците меѓу кои и Германија се обврзаа да не дозволат глобално затоплување поголемо од 1.5 степени. Оваа шума е една од целите кои можат да го намалат CO2.
Мара Апелхаген
На Мара и се допаѓа духот на луѓето во Скопје, но збунета е колку многу згради и споменици има овде. За неа е жално што Водно како прекрасна планина блиску до градот, е жртва на гасификацијата и на градбите.
„Го гледам Водно од прозорецот каде сме сместени. Страшно. Половина планина се уништила поради згради. Бетон може да се стави секаде, но планина не!“ - вели Мара.
Рамона Франк и Мара Апелхаген заедно со проф. Мира Беќар од граѓанската иницијатива „Го сакам Скопје“
Сметаат дека за Водно се уште не е доцна да се спаси оти може да се најде решение за гасификацијата. Обете Германки им предложиле неколку стратегии на активистите од „Го сакам Водно“, но не сакаа да ги откријат. Но, убедени се дека позитивниот дух, соработката со невладините организации и поддршката од медиумите е најсилното оружје против сечата на Водно.
Рамона Франк и Мара Апелхаген на предавање на Шумарскиот факултет во Скопје
{loadposition otpor-vodno}