Скоро 2.000 ученици со полесна интелектуална попреченост посетуваат настава во редовните основни училишта, наместо досегашната пракса кога тие одеа во специјални училишта. Првичните резултати од новата програма на УНИЦЕФ за инклузивно образование се охрабрувачки: учениците имаат подобри резултати, побрзо се описменуваат и поуспешно се социјализираат.
Сепак проблем е дефицитарниот стручен кадар во основните и средните училишта. Недостасуваат дефектолози и логопеди, особено на албански и турски јазик. Има и географска нерамнотежа. Најмногу сручни лица се ангажирани во Скопје.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и со Хелсиншкиот комитет за човекови права #СамоПрашај