Горјан Стојковски е член на јунифајд клубот на Специјалната олимпијада Македонија, во кој луѓе со интелектуална попреченост тренираат заедно со кошаркари од популарните македонски клубови. На тој начин, спортот му помага на Горјан да ги искористи сите бенефити на нормалното живеење и да се снајде во секојдневието.
Видеото е изработено од Институтот за комуникациски студии во соработка со Специјалната олимпијада Македонија. Погледни го видеото и #Прашај.