Со пливањето ја надминува физичката попреченост

Физичката попреченост го спречуваше Александар Стојановски да научи да плива. Но сега, на 42 години, пливањето го прави посамоуверен и посреќен бидејќи движењата што не можел да ги направи на суво, лесно ги прави во вода. Тој беше еден од учесниците на Спортскиот камп за лица со попреченост што се одржа минатата недела на Преспанското Езеро.

Настанот се организираше во рамките на проектот „Спорт за сите“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации. Во проектот како ко-финансиер со свои средства учествува и Општина Ресен. Здружение за адаптивни спортови и рекреација „Рекреакција“, Ресен.

Новинар: Стево Башуровски Снимател и монтажа: Димитар Колонџоски Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Тагови: