fbpx

Свирки и тенџериња за малку надеж

Жителите на Тафталиџе од своите балкони уживаа во саботниот концерт на музичките групи „Мјузаик“ и „Фанк Шуи“. Со различни музички инструменти во рака, граѓаните им дадоа гласна поддршка на здравствените работници кои секојдневно се борат со вирусот Ковид 19.

Концертот кај т.н. Млечен ресторан е дел од секојдневните свирки што ги организира Град Скопје во различни маала низ градот, како дел од антикризнизните мерки #КултураВоВремеНаКорона за да им се помогне на културните уметници кои останаа без ангажмани, но и да им се доближи културата на граѓаните за време на полицискиот час.

Содржината ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Фотографија: Томислав Георгиев

Тагови: