fbpx

Тажна е приказната на „невидливите“

Селман Адили има 65 години. Тој плаче секогаш кога ќе се спомне зборот „бездомник“. Од 2014 година се бори за опстанок. Годините и здравјето не му одат во прилог кога бара каква било работа за да обезбеди леб. Дури и кога ќе го вработат, во повеќето случаи не му плаќаат. Често заспива со празен стомак. Статистиката за бездомниците се менува со текот на годините, и бројката секогаш е во пораст. Според Црвениот крст на РСМ, пред пандемијата имало 120 бездомници, додека сега има околу 160.

 

Оваа содржина ја изработи МТВ 2 во соработка со онлајн платформата www.samoprasaj.mk на Институтот за комуникациски студии, како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“ што го финансира Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Новинарка: Саније Дураку

Снимател: Фисник Муртези

Тагови: