Визбегово нема училиште, па 500 деца од оваа населба се школуваат во соседната општина Шуто Оризари. Децата секојдневно пеш одат по неколку километри бидејќи немаат ни организиран превоз од Општина Бутел во којашто и ѝ припаѓаат. Изградбата на училиште е редовно ветување на сите локални избори од сите партии.
Овој прилог Алсат М ТВ го изработи во соработка со платформата Само прашај на Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Адриан Керими Снимател: Бурхан Јусуфи Монтажа: Елмедин Ибрахими