Вода полна со фекалии од канализацискиот систем во селото Стојаково непрочистена се излева во ливадите во атарот на селото. Освен неподносливата смрдеа, проблематично е што тука се напасува стока и во близина се одгледуваат земјоделски култури. Никој не испитува дали преку подземните води има загадување на бунарите кои се користат за наводнување на земјоделските површини во близина на селото.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Сузана Мицева
Снимател: Кире Пиличев