fbpx

Живеат во исчекување на вест за најблиските

Јалдас Ибрахими го нема видено синот од 19 март 2010 година. Тој кобен петок, Митат се вратил од училиште, ја зел топката и излегол да си игра со другарчињата. Оттогаш му се губи трагата. Нејзиното семејство живее во надеж дека нивното чедо некогаш може ќе им тропне на вратата. Од осамостојувањето на државата до сега, во Македонија како исчезнати се водат 56 малолетни лица. Од МВР велат дека за овие случаи потрагите се сè уште отворени.

 

Оваа содржина ја изработи МТВ 2 во соработка со онлајн платформата www.samoprasaj.mk на Институтот за комуникациски студии, како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“ што го финансира Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Новинарка: Саније Дураку

Снимател: Фисник Муртези

Тагови: