fbpx

Џабе високи оценки кога пак не те бираат за судија

Во четвртиот извештај на Институтот за човекови права како клучна забелешка е зошто при последниот избор на судии и претседатели на судови, не се почитувала воспоставената пракса - да се избираат кандидатите со најдобри оценки. Бодувањето на судиите е дополнителен проблем, кој остава сомнеж дека можни се и манипулации и со финалната оценка која ја дава Судскиот совет.

ИЧП нотирал дека Судскиот совет станал потранспарентен за разлика од претходно, но дека треба да биде уште поотворен кон јавноста.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Институтот за човекови права.

Тагови: