fbpx

Хуморот е поминат низ клизмата на политичката коректност

Проблемот на цензура на хуморот е проблем на цензура на јазикот. Живееме во „теророт на лингвистичкото“ и во реалност која се повеќе нуди само сингуларни интерпретации, кои се вклопени во идеолошките погледи на левицата и десницата. Хуморот, во клинчот на овие две идеолошки сили, останува да функционира во крајно стеснет простор, внимавајќи да не повреди ничии чувства, бивајќи „санитизиран“ од обата идеолошки правци, исчистен и поминат низ клизмата на политичката коректност. По овие зафати, хуморот е соодветно адаптиран на пожелниот „новоговор“ со само еден мал недостаток – тој веќе ниту е хумор, уште помалку смешен. За оваа нималку смешна тема Ненад Марковиќ разговара со професорите д-р Бобан Карапејовски од Филолошкиот факултет и д-р Александар Таковски, професор на AAB колеџот во Приштина, лингвист и дефинитивно најупатениот експерт во државата со најголем број на трудови со импакт фактор од оваа област.

Една од функциите на хуморот е секако да насмее, да предизвика шок, да изненади. Но кои се другите аспекти на овој, пред сè јазичен феномен? Кои се неговите социјални функции?

Таковски: Хуморот во демократиите и автократиите

Кој е авторитетот кој ќе каже што е навредливо? Кој одлучува за тоа и по кои критериуми? Кој ќе каже кој јазик треба да се елиминира или забрани? Постои ли таков општествен убер-авторитет?

Цензура на хуморот е цензура на јазикот кој го употребуваме – намерата на политичката коректност е поврзана со заштитата на дискриминирани или обесправени групи преку елиминација на навредлив говор и воведување на политички коректен јазик кои со време ќе ги подобрат шансите за успех и недискриминација на овие групи. Дали цензурата на навредливиот јазик кој хуморот знае да го наметне оди во правец ова да се постигне или зијанот е поголем од ќарот?

Таковски: Хуморот како „nature or nurture“ дилема

Се чини дека цензурата на хуморот доаѓа и од левицата и од десницата и тоа помалку или повеќе подеднакво. Од директно исклучување на неистомисленици од јавната дебата до „глазурирано“ игнорирање на истите тие неистомисленици во помеката варијанта, етикетирање на  „предавници и патриоти“, јавен линч, посрамување на таргетираните а неретко и повик на физички линч. Живееме ли во свет во кој толку идентично се оперира што хуморот падна како прва жртва во нивната битка да докажат колку се слични?

Карапејовски: Генерализација и апстракција кај хуморот

Се чини дека живееме во свет кој е се пофасциниран од феноменот на општествената забрана. Левица забранува хумор за: етнички малцинства, религиозни малцинства, сексуални малцинства, ропство, родови односи, расен хумор, итн. Десницата забранува хумор за: името, знамето, национални симболи, химна, грб, фудбалската репрезентација, кошаркарска репрезентација, ракометна репрезентација, мачоизам, семејни вредности, улогата на мајката во семејството, улогата на таткото во семејството, црквата/џамијата, славјанска митологија, античка митологија, православна/муслиманска теологија итн. Ако сите овие теми се на црната листа, за што ни остана да се зезаме?

Карапејовски: Хумор, а не малтретирање

Живееме во нешто што слободно би го нарекол „терор на лингвистичкото“. Тој ни вели дека намерата на хуморот е небитна се додека некој се чувствува навреден од него. Ова не води до мноштво сингуларни интерпретации од различни идеологии т.е. интерпретација на хуморот од одреден (најчесто идеолошки обременет) идеолошки аспект. Прашањето е - на која идеологија треба да и дадеме предност? Зошто една идеологија би била поважна од која било друга?

Карапејовски: Етички и хумани граници на хуморот

Целиот поткаст со наслов „ Why so serious? може да го сушнете тука.

Тагови: