Општина Гази Баба нарачала изработка на студии за оцена на влијанието врз животната средина на урбанистички проект кој предвидува изградба на постројки за третман на отпад на нејзина територија. Во студиите се спомнуваат технологии за преработка на цинкова филтер прашина и згура, чии честички се сметаат за едни од најтоксичните и најштетните по човековото здравје и почва. Градоначалникот Борче Георгиевски негира дека Општината планира изградба на вакви капацитети. Екологистите прашуваат зошто воопшто се правеле студиите и зошто продолжува постапката во Општината?
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинарка: Соња Петрушевска Снимател: Иван Поповиќ Монтажер: Ристо Душковски