fbpx

Наредната година ќе знаеме дали ќе ни се допадне новото лице на ЕУ

Европската унија е во евидентна криза веќе подолго време и полека, но сигурно идеите дека таа треба темелно да се реформира стануваат доминантни. И среде оваа бура на потенцијални потреси, Западниот Балкан трпеливо чека да се отворат вратите за некое наредно проширување. Иако пред вратите сме скоро три декади, тие никако да се отворат дури и за целосен почеток на преговорите. Згора на тоа, наредната година доаѓаат и изборите за Европскиот парламент, по што можеби ЕУ ќе добие сосема ново лице, кое не знаеме дали ќе ни се допадне нам, или ние неа.  Симонида Кацарска од Институтот за европска политика (ЕПИ) и Зоран Нечев од ИДСЦС ги лоцираат најголемите опасности за процесот на проширување и слабостите кои ги имаме како држава на тој пат.

Една од идеите е дека ЕУ треба да се подели во повеќе „под-ентитети“ кои би имале различна траекторија односно да се создаде ЕУ во повеќе брзини или ЕУ на концентрични кругови. До каде е оваа идеја и колку е реално да се спроведе? Што ѝ стои на патот? Може ли ова да се направи само со козметички измени или ќе мора сепак да се менуваат темелните договори со кои ЕУ е всушност дефинирана и етаблирана?

Кацарска: Како би изгледала идејата за ЕУ во повеќе брзини/концентрични кругови и што значи тоа за нас?

Какво е јавното мислење во самата ЕУ по избувнувањето на украинската криза? Дали се сплотува јавното мислење во ЕУ по инвазијата врз Украина околу овој заеднички, сега веќе и безбедносен проект или кризата ги продлабочи политичките процепи кои веќе постоеја?

Кацарска: Политичките поделби и јавното мислење во ЕУ

Следната година се избори за Европскиот парламент и се очекува значителна промена на структурата на составот на Европскиот парламент. Јасно е дека популистичките партии од лево и десно ќе освојат многу повеќе места, но и дека се можни прегрупирања и по други основи. Како ова ќе се рефлектира на нас и што точно ќе значи новиот состав за нас? Има ли било каква врска со нашето напредување кон ЕУ или сепак други процеси се поважни?

Втора голема реформа која се заговара во ЕУ е укинување на правилото на одлучување со консензус или преминување кон некакво квалификувано или просто мнозинство. Едно време актуелна беше идејата каде се заговараше дека не сите земји мора да се согласат за да се донесе одредена одлука, односно дека две или три земји може и да не се согласат а одлука сепак да биде донесена, Сепак, се чини дека многу држави, а особено оние кои политичкиот капитал го градат на анти-ЕУ реторика нема да се согласат на вакво политичко „самоубиство“. Можна е оваа идеја да се спроведе или останува само како теоретска дебата?

Втора голема реформа која се заговара во ЕУ е укинување на правилото на одлучување со консензус или преминување кон некакво квалификувано или просто мнозинство. Едно време актуелна беше идејата каде се заговараше дека не сите земји мора да се согласат за да се донесе одредена одлука, односно дека две или три земји може и да не се согласат а одлука сепак да биде донесена, Сепак, се чини дека многу држави, а особено оние кои политичкиот капитал го градат на анти-ЕУ реторика нема да се согласат на вакво политичко „самоубиство“. Можна е оваа идеја да се спроведе или останува само како теоретска дебата?

Нечев: Како се одлучува за проширувањето со нови членки?

Огромно мнозинство од граѓаните во земјите од ЕУ сметаат дека Укрраина треба да стане дел од ЕУ, многу повеќе отколку што се за балканските земји. Како треба ова да го сфатиме?

Нечев: Дали Украина треба да стане дел од ЕУ и дали треба да се „качиме на украинскиот воз“?

Некаде во 2003-2004 година сметавме дека 2020 е апсолутно последниот датум кога би пристапиле, ако не и порано. Дали е 2030 година новата 2020 и повод за уште едно разочарување? Дали би требало реалистично да ги димензионираме очекувањата и што тоа точно би значело?

Нечев: Зошто е важна 2030 година како цел и дали е реален датум за влез во ЕУ?

Целиот поткаст со наслов „Н(ЕУ)форија може да го слушнете на Рес публика.

Тагови: