Доколку сакате да се приклучите кон Јавниот повик, потпишете се ТУКА
Голем број интелектуалци од различни сфери и граѓански здруженија се приклучија кон јавниот повик до премиерот Зоран Заев и надлежните институции за суспендирање на деталниот урбанистички план Ц 08 од 2012 година со кој се предвидува изградба на висококатници на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“.
Во повикот, меѓудругото, се укажува дека јавниот интерес и правото на живот во здрава и чиста животна средина мора да е врвно начело на управување со државата и дека обврска на Владата е да интервенира кога е тој загрозен.
„Овој ДУП мора да ја напушти максималната изградба како основен приоритет и мора да биде и квалитативно подобар нудејќи повисоки вредности. Планот мора да води сметка за јавниот интерес, а со тоа и на заштита на животот и здравјето на граѓаните, психичкото здравје, социјализација, наместо осаменост. Со зелен простор ќе се помогне во справувањето со последиците од загадувањето, бучавата, топлотните острови и неотпорноста кон климатските промени кои со изградбата на „Скопје 2014“ се случија во центарот на градот. Иако и Градот и државата имаат стратегии и документи со кои овие прашања се третираат, нивното неспроведување ги остава граѓаните да живеат во небезбедна и нездрава средина“, пишува во повикот.
{loadposition lista-potpisnici}Приклучете се кон Јавниот повик
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии