fbpx

Дали лицe кое нема доволно работен стаж за пензија може да добие минимален надоместок?

Мајка ми има околу 10 години работен стаж. Сега има 69 години, а не може да земе никаков надоместок за пензија иако и е плаќан пензиски стаж. Дали има некаква законска можност да добие некој минимален надоместок? Во 1995 мислам дека прекина да оди на работа и редовно се пријавуваше во Заводот за вработување. Пробав неколку пати откако наполни 62 години да оствариме некаков приход, ама беше одбиена со образложение дека нема доволно работен стаж.

Одговара Сибел Амет oд Хелсиншкиот комитет за човекови права.