Одговараат од Регулаторната комисија за домување.
Сопствениците на посебните делови се одговорни за плаќање на сите трошоци за управувањето и другите трошоци што потекнуваат од станбената зграда во согласност со своите сопственички делови, ако со договорот за заемни односи поинаку не е утврдено. За трошоците што настанале со преземање на активности врз основа на одлуки донесени на начин пропишан со Законот за домување поточно одлука за која гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови, одговараат сите сопственици на посебните делови без оглед на тоа дали гласале против предложените одлуки.
Додека пак кога сопствениците на посебните делови не можат да донесат одлука во однос на работите за управување со зградата, а станува збор за нужна работа, како што се одржувањето, поправките и инвестиционото одржување на заедничките делови на зградата, секој сопственик може да поднесе предлог до судот во вонпарнична постапка, за донесување на одлука која го заменува договорот за заемни односи.